Брегзит ќе присили големи авиокомпании да се преселат од Велика Британија во ЕУ
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Големи авиокомпании, меѓу кои се easyJet, Ryanair и British Airways, ќе треба да ги преместат централите од Велика Британија во ЕУ по Брегзит, ако сакаат да продолжат да летаат во континентална Европа, соопштува The Guardian.
Директорите на компаниите биле предупредени од високи лица во ЕУ, дека треба да имаат база на територијата на Унијата, ако сеуште сакаат да работат со внатрешни линии во неа.
Најверојатно фирмите ќе се усогласат со барањата, што ќе доведе до сериозни економски загуби за Британија.
Тврдиот тон на ЕУ сепак може и да го испровоцира Лондон да одговори со мерки против европски авиокомпании кои ќе ја попречат нивната работа на Островот, пишува The Guardian.
За компании како easyJet и Ryanair европските правци претставуваат суштински дел од бизнис моделот. Некои веќе почнаа да бараат соодветни централи на континентот и се обидуваат да го засноваат поседувањето на удели и акции во ЕУ. Други се уште се надеваат дека односите Брисел-Лондон ќе задржат одредена флексибилност.