19 Мај, 2024
0.0396

БРЕМЕНИ ЖЕНИ И ЛИЦА СО ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД РАБОТА, работа на отворено од 11 до 17 часот

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

На мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, како и во Кичево, Кавадарци и Струмица регистрирано е надминување на вредноста на загадувачки супстанции од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови, поради што стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според податоците на МЖСПП, на мерното место во Скопје во Центар во четвртокот се измерени концентрации на загадувачки честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а вчера 248,51 микрограми на кубен метар, а во Лисиче во четвртокот 189,94 микрограми на кубен метар, додека вчера – 259,01 микрограми на кубен метар. Во Кичево пак се измерени концентрации на загадувачки честички од 178,04 микрограми на кубен метар во четвртокот и 171.13 микрограми на кубен метар вчера, во Кавадарци 155,28 микрограми на кубен метар (четврток) и 154,80 микрограми на кубен метар (петок), а во Струмица 188,51 микрограми на кубен метар (четврток) и 244,12 микрограми на кубен метар (петок).

- Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица. Поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МЖСПП посочуваат дека доставиле информација за надминување на прагот на алармирање до министерствата за здравство и за труд и социјална политика, како и до Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Битола.

– Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица стапуваат во сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, се додава во соопштението.

Согласно овие препораки и мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, потоа да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Со овие препораки Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат употребата на службените возила до 50 проценти и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, здравствените дом и општините треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети, додека Министерството за здравство треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина) во текот на времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа, се до нејзино завршување, како и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина, пак, согласно препораките и мерките, треба да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А-ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира и дека ќе подготви и достави препорака до Инсталациите коишто поседуваат А-ИСКЗ дозвола за намалување на капацитетот на производство до 50 отсто, со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Единиците на локалната самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините. 

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“