14 Мај, 2024
0.0281

Брилијантни совети од основачот на најуспешната онлајн компанија – Алибаба

Објавено во: Стил 17 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Џек Ма е прв кинески бизнисмен кој се појавил на насловната страница на Форбс магазинот. Потекнува од сиромашно семејство, а променил и неколку професии. Зад себе има многу успони и падови , успеси и промашувања. Основач е на „Алибаба Груп“ , најуспешната онлајн компанија во Азија.

Она што е карактеристично за него е дека никогаш не се откажува.

Ви ги издвојуваме неговите најдобри совети кои можат да се применат не само во професионален план, туку и во животот генерално.

За успешна идеја

Ако 90% од оние кои на бизнис состанок гласаат за еден од предлозите, ќе го отфрлам. Причината е многу едноставна: Ако сите присутни видат прилика за некоја идеја, тогаш се големи шансите да разни други компании веќе работат на таа истата идеја и нема да можебе себе си да си го отвориме патот на тоа поле.

За тоа што не треба да се прави

Таа 2001 година направив грешка. Им реков на колегите кои ја основаа компанијата со мене дека границата во нивните кариери е менџерско ниво. Мислев дека ми се потребни професионалци. Година дена подоцна, ниту еден од тие професионалци повеќе не работеше за нас, додека оние за кои се сомневав дека имаат потеницијал да одат напред сега се мои заменици.

Најлошите особини кои претприемачот може да ги има се: снобизам, неспособност да ја разбере добро ситуацијата, работа во „петта брзина“ без можност да се одржи на долга стаза, одсуство од долгорочна визија.

Еден директор ме советуваше: Твојот став спрема работата и одлуките кои ги донесуваш се поважни од твоите способности.

Колку е опасна депресијата

Ништо страшно нема да се случи ако привремено си дозволите себи се да се жалите.

Падот во депресија и често жалење на вашиот живот не е помалку деструктивно од алкохолизмот. Тоа е иста опасно ситуација: Што повеќе го правиш тоа, се полошо станува. Успешните луѓе ги немаат тие проблеми.

Совет за млади

Што стварно значи неуспех? Тоа значи дека сте се откажале од борбата за она што го сакате.

Што значи прилагодливост? Ќе разберете кога ќе го вкусите неуспехот и разочарувањето.

Што сте должни да направите? Должни сте да работите колку можете и да бидете поамбициозни од другите.

Само будалите зборуваат на глас. Интелигентните луѓе зборуваат сами со себе само во себе. Мудрите луѓе само со срцето.

За исполнет живот

Порано или подоцна, ќе зажалите што сте го поминале целото ваше време на работа

Секогаш се потсетувам дека никој од нас не е роден да работи, туку да ужива во животот. Овде сме да им помогнеме на другите да живеат подобро и да не го поминуваме целото своето време на работа работејќи.

За натпреварување и натпреварувачи

Ако вашиот опонент е послаб од вас, и понатаму треба да го гледате како еднаков на вас. Секако, треба да биде и обратно: Дури и ако оној со кој се натпреварувате е посилен од вас, немојте да му се плашите.

Вистинскиот претприемач нема непријатели. Кога ќе го разберете ова, никој нема да може да ве запре.

Совет за претприемачите

Наместо да барате брзо решение и проверени шеми, концентрирајте се на воспоставување на стабилност и ветување на долгорочни планови.

Денес може да биде тешко, а утре уште полошо. Но денот после тоа ќе биде прекрасен.

За покренување на сопствен бизнис

Кога започнувате ваш сопствен бизнис, тоа значи дека се откажувате од стабилни приходи, но и годишни бонуси.

Од друга страна вашата заработка ќе биде неограничена, ќе го користите времето поефективно, и никогаш нема да морате да прашувате за дозвола нешто да направите.

Кога барате партнер, секогаш би требало да барате некој кој ќе им допринесува на вашите способности и знаење. Не ви треба некој кој е веќе во нешто посебно успешен.

Дајте се од себе вашите вработени секој ден да доаѓаат на работа насмеани.