02 Мај, 2024
0.0252

Брисел за аграрот: Добро е што има пари, не ја бива нивната распределба!

Објавено во: Агробизнис 17 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Слабиот капацитет на Агенцијата за финансиска поддршка и Фитосанитарната Управа и годинава се клучните забелешки во извештајот на Европската Комсија за поглавјето посветено на македонскиот агар. И покрај низата препораки во изминатите години, сеуште загрижува капацитетот на Агенцијата, како иституција која има голема одговорност особено во распределбата и исплатата на субевенциите за земјоделците. И оваа година не е променета препораката на ЕК за зголемување на бројот на вработени стручни лица во АФПРЗ со цел поефикасно да се спроведуваат програмите за финансиска поддршка. ЕК во извештајот изнесе забелешки и воднос на  искористеност на парите од европските ИПАРД фондови, кои се важни за развој и модренизирање на македонскиот аграр. -Треба да се превземат чекори за да се подобри капацитетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, која е одговорна и за националните шеми за поддршка и за мерките во рамките на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД ). Сеуште има недоволно персонал и опремата во агенцијта. Во ИПАРД програмата за 2009 година неискористени остнаа 7.390.000 евра. Институционалниот капацитет на Управниот Одбор за ИПАРД во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е  зајакнат. Имплементација на ИПАРД програмата во рамките на V компонента продолжува. Сепак напредокот во подготовките за спроведувањето на другите ИПАРД мерки ( техничка помош и руралната инфраструктура ) е ограничен и треба да се интензивираат напорите, стои во извештајот од ЕК. ЕК регистрираше напредок во подготовките во областа на хоризонталната поддршка. Напредок има  и вои земјоделскиот информативен систем и мрежата за сметководствени податоци, а се подобрува и квалитетот на податоците. Позитивни оценки за финансиската подршка за аграрот Во извештајот позитивно е оценето зголемувањето на финансиската поддршка за развој на земјоделството и руралниот развој. - Во 2013 година постои зголемување на финансиската поддршка за земјоделство и руралниот развој. Директните исплати за финансиска помош сочинуваат повеќе од три четвртини од буџетот, вклучувајќи ги исплатите по области и по грал добиток, исплата на премии и субвенции за стратешки важни производи и испати што не се засновани врз артикли. Имаше значителен пораст во алокацијата на мерките за рурален развој, за што подготовките се во тек. Се донесоа законите за имплементација на политиката за поддршка на земјоделскиот и руралниот развој и за квалитет на земјоделските производи. Националната програма за развој и поддршка на земјоделствот 2013-2017 беше усвоена, се вели во извештајот Во однос на заедничката организација на пазарот, позитивно е што е усвоена  Стратегија за подобрување и следење на квалитетот на млекото (2013-2020) , како и легислативата за житарици и ориз. Но подготовките во оваа област се во рана фаза. Позитивно се оценети и усвоените легислативи за органско производство и акциониот план 2013-2020 година. Сепак главната препорака во делот земјоделство и рурален развој останува е да се вложат напори за развој на административниот  и контролен систем Според ЕК загрижува искористеноста и спроведувањето на ИПАРД програмата и тоа треба да се подобри, а неопходно е изајакнување на административниот капацитет. Напредокот е оценет како умерен. Напредок во Агенцијата за храна и ветеринарство Во поглавјето посветено на Агенцијата за храна и ветеринарство, генералната оценка е дека е постигнат добар напредок во областа на безбедноста на храна и ветеринарната политика, особено во однос на напорите на АХВ. Подготвките во областа на бебзбедноста на храна и ветеринарната политика се на добар пат, стои во извештајот. Како позитивни чекори се оценети усвојувањето на Стартегијата за безбедност на храна 2013-2015 година, Планот за внатрешна ревизија, Генералниот план за управување со кризи, како и формирањето на .  Национален совет за храна и добиточна храна кој има советодавна функција. -Агенцијата  обезбедува редовно ажурирање на системите за контрола на увозот и условите за увоз на живи животни и производи од животинско потекло. Сеуште не воспоставен системот за идентификација и регистрација на свињи. Донесени се Правилници  за идентификација и регистрација на животните коњи и домашни миленици . Што се однесува до контролните мерки за болести кај животните , Агенцијата продолжува да ја спроведува програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило и издаде донесе правилник за искоренување на оваа болест. АХВ  исто така продолжува масовна вакцинација на домашни свињи против класична свинска чума, стои во извештајот Пропусти ЕК регистрираше во идентификацијата на животните, регистрацијата и контролата на движењето, за што во извештајот стои дека  не секогаш се имплементирани правилно и не се добиваат  доверливи податоци. Во однос на пуштање во промет на храна, добиточна храна и животински нус-производи, согласно правилникот се врши контрола на трихинела во месото, со цел усогласување со релевантното законодавство со ЕУ. Тоа што лани беше нотирано од страна на ЕК како забелшка сега е надминато, поточно позитивно е оценето ноесењето на Стратегија за подобрување и следење на квалитетот на млекото (2013-2020). Во областа на безбедноста на храната усвоени се повеќе правилници, но сепак капацитетот на инспекторат останува недоволен, предупредува ЕК. На тапет фитосанитарната управа Европската Комисија на тапет и во овој извештај ја стави работата на Фитосанитарната управа. Забележан е слаб е напредок во фитосанитарната политика. ЕК забележува дека некои подзаконските акти за здравје на растенијата и квалитетот на семе и размножување на семенски материјал се донесени, но е преземена акција за спроведување на меѓународните стандарди, особено за надзор, извоз, сертификација и утврдување на статус за штетници. -Контрола на  растителното производство се спроведува само по случаен избор. Координацијата помеѓу надлежните органи не е подобрена. Административниот капацитет на Фитосанитарната управа останува слаб. Државната фитосанитарна лабораторија и понатаму останува недоволно искористена поради нејзината недефиниран улога во безбедноста на храната, мониторинг системот и недостатокот на примероци добиени на редовна основа . Подготовките во областа не се многу напреднати, стои во извештајот. Во однос на Генетски модифицираните организми, во извештајот се вели дека се донесени  и усвоени закони кои дополнително треба да се имплементираат. Критики за рибарството Критиките ЕК упати за делот посветен на рибарство и аквакултурата. ЕК негативно го оцени тоа што не се применуваат барањата на ЕУ за ресурсите, флотата, инспекција и контрола  во внатрешниот риболов, освен за контрола на маркетинг и следливост на рибните производи. Дел од забелешките се однесуваат на административниот капацитет на одделението за рибарство и аквакултура во Министерство за земјоделство , шумарство и водостопанство и на релевантните единица во Инспекторатот за земјоделство, кои се оценети како недоволен капацитет. Финансиската поддршка за оваа гранка е зголемена но загрижува фактот што формални меѓународни договори, се вели во извештајот. - Владата  има неформални работни договори со Албанија и Грција во врска со управувањето на ресурсите во Охридско, Преспанско и Дојранско, стои во извештајот. Оценката на ЕК за рибарство и аквакултура е дека е постигнат ограничен напредок, а административниот капацитет и сеуште е недоволен. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?