02 Мај, 2024
0.0285

Британскaта брза храна поскапува

Објавено во: Стил 10 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Резултатот од референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ и после рекордното поевтинување на фунтата,  може да доведе до поскапување на увозната храна и тоа да ги зголеми цените во рестораните за брза храна во земјата.

Според анализите објавени во медиумите, зголемувањето на цените може да биде во две насоки, односно ќе поскапе  главното мени на 10 500 британски ресторани. Во нив годишно се јадат 380 милиони порции од традиционалната пржена риба со компири. Минатата година само депонираната риба и рибни производи во Велика Британија чинеле околу 590 милиони долари.