20 Мај, 2024
0.0283

Британски научници: И лубеницата штити од рак

Објавено во: Стил 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во сезоната на летото еден од најпознатите вкусни и слатки плодови е лубеницата. Таа е корисна и штити од рак, тврдат британските научници.

Во минатото нашите предци одгледувале многу лубеници и дињи. Лубеници сакале да јадат со леб и со сирење.

Лубеницата е богата плод со витамин Ц, калциум и магнезиум. Вода е околу 95% од месото, а остатокот е целулоза.

Лубеницата е особено корисна за луѓе кои имаат анемија - ако имаат недостаток од доволно количество црвени крвни зрнца.

Според последните истражувања на британските научници, лубеницата штити од рак, бидејќи ја содржи супстанцијата ликопен.

Таа се наоѓа и во црвените домати, затоа неодамна се зборуваше дека тие штитат и од рак.

Кој не треба да јаде лубеница?

1. Луѓето кои страдаат од дијабетес, бидејќи зрели лубеници се богати со висока концентрација на шеќери; 2. Пациенти со бубрежна инсуфициенција, бидејќи високата содржина на вода во лубеницата предизвикува брзо и често мокрење, а луѓето кои страдаат од бубрежна инсуфициенција не можат да го издржат тој напон на уринарниот систем. 3. Лубеницата не треба да се јаде студена, бидејќи е опасна за желудникот, црниот дроб и слезината. 4. Созреаната лубеница треба да се чува во кеса во фрижидер за да не се развиваат штетни бактерии во нејзината срцевина од топлината.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“