18 Мај, 2024
0.0336

БРИТАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ ДЕНАТ НАЈАВИ: „Путин заврши работа, Русите ќе парадираат на 9. мај со украинските затвореници“

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Генералот лорд Ричард Денат вели дека последните денови од борбата за Мариупол се во тек.

Генералот Ричард Денат, пензиониран началник на Генералштабот на британската армија и член на Домот на лордовите, верува дека Русија ќе се обиде да постигне некаков успех во Мариупол до Денот на победата во понеделник и стравува дека украинските затвореници би можеле да бидат дел од воената парада во Москва.

„Мислам дека сега ги гледаме последните денови од оваа трагична и страшна епизода што се случува во челичарницата Азовстал. Ако се сеќавате пред една недела или десет дена, Путин најави дека ќе ја запечати за да не може ни мува влезе или излезе“, рече тој.

Денат смета дека тоа било показател дека на Русите им било многу тешко да го освојат тој гарнизон и дека дошле до заклучок дека мора да имаат некаква победа што ќе ја слават во понеделник.

„Се чини дека тие продолжија со посилен, директен напад врз фабриката за челик за да се обидат да го задушат остатокот од отпорот за да можат да тврдат дека го зазеле Мариупол во понеделник. Така тие го завршија својот копнен коридор од Крим, преку Донбас, до Русија“, смета тој.

„Ова е трагедија што се одвива пред нашите очи. Некои од цивилите може да го преживеат дводневниот или тридневниот прекин на огнот. Но, за војниците таму, се плашам дека изгледите се многу мрачни. Мислам дека има шанса да видиме како украински затвореници парадираат во Москва в понеделник на нивната Парада на победата. Истото им се случи и на Германците на крајот на Втората светска војна и имам страшно чувство дека тоа ќе се повтори в понеделник“, изјави генералот Денат за Sky News.

ФОТО: EPA/MANDATORY CREDIT

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност