Брижит Макрон е свесна дека нацијата не ја сака за Прва дама
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Брижит Макрон, сопругата на тазе францускиот претседател Емануел Макрон е свесна дека нацијата не ја сака за своја Прва дама и дека тој термин е многу лошо преведен од англиски, бидејќи таа не сака формална функција, туку да ја исполни својата јавна обврска.
- Тоа е прилагодување од американскиот израз, но мене не ми се допаѓа. Не се чувствувам како прва дама. Не сум ни прва, а ни дама. Јас сум Брижит Макрон. Кога ќе го слушнам тој израз до моето име, се прашувам: „За кого зборуваме?“ – порачува Брижит.