02 Мај, 2024
0.0276

Брзите кредити решение за непланирани потреби, не за враќање стари долгови

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Сметки за струја, за вода, телефон, трошоци за школување, за храна – често месечните примања не стасуваат да се покријат сите потреби. А излегуваат и нови обврски, детски екскурзии, ненадејни поправки на некои домашни апарати, на домот. За дел од нив парите требаат итно – а многу малку од банките одобруваат ненаменски односно потрошувачки кредити во помала сума, за краток период. Во последниот период таа празнина ја пополнуваат небанскарските финансиски друштва кои даваат таканарачени „брзи кредити“. Главната разлика со тие од банките, како што пишувавме во првиот текст од серијата анализи на Фактор е токму брзината на одобрување. Сепак, и покрај тоа што станува збор за лесна и брза исплата, тие опфаќаат напредни и сложени скоринг категории и системи кои ги штитат самите клиенти кои веќе имаат долгови во други финансиски институции, односно не дозволуваат клиентот да се задолжи повеќе од што во моментот е, па, од небанкарските финансиски друштва апелираат  парите да се трошат одговорно и разумно – за вистинската потреба.

Непредвидените трошоци се тие кои најмногу ги оптоваруваат граѓаните. Велат дека со месечните плати тешко ги покриваат и основните потреби, но дека често имаат потреба и од дополнителни средства. Анализата на потрошувачките кредити кои ги издаваат банките покажува дека најчесто станува збор за кредити кои се на сума поголема од 1.000 евра со подолг рок на враќање. Банките дополнително, издаваат кредити со обезбедување на поголема сума, за поголеми домашни вложувања. Небанкарските финансиски друштва се фокусираат најмногу на мали и микро кредити, кои најчесто се користат за вакви непредвидени потреби.

Кредитот може да биде и во износ од 2.000, 10.000 или пак 80.000 денари, но без исклучок се издава брзо. Од небанкарските финансиски друштва велат дека брзото одобрување впрочем е резултат на инсталираната комплексна и напредна технологија која се употребува при процесот на евалуација на клиентот и на неговата кредитоспособност, што овозможува во само неколку минути, преку сложени алгоритми да се одреди соодветниот износ на кредитот. Освен тоа, голем удел во брзината на процесирањето на кредитот се должи и на тоа што за исплата на кредитите не е потребно да се носат потврди од работа, нотарски заверени договори, ниту жиранти. И токму комбинацијата на овие две нешта дозволува клиентите да ги добијат потребните средства навистина брзо, токму во моментите кога тоа ним им е најпотребно.

Брзата потреба од пари некогаш може да предизвика и брзо носење одлуки, па затоа, небанкарските финансиски друштва како дел од финансискиот систем во државата играат значајна улога во промовирањето на одговорното кредитирање, односно посветено развивање разумна и одговорна политика за кредитирање на физички лица, чесност,  интегритет, праведност и одговорност.

Од сите небанкарски финансиски друштва велат оти препорачуваат секој кој одлучил да подигне краткорочен кредит, да се осигура дека му одговараатпоставенитетрошоци, дека внимателно ги проучил условите на договорот и дека води сметка за својот буџет за навреме да го исплати кредитот. Додаваат дека краткорочните кредити не треба да се користат како решение за долгорочни финансиски проблеми, не и за исплаќање на други кредити, како хипотеки, лизинг.

На оваа тема, во насока на разумно кредитирање и управување со лични финансии, Тиго Фајнанс во своите канали за комуникација постојано дава сугестии за клиентите кои се одлучиле да земат кредит кај нив, апелирајќи:

„Секој кој аплицира за кредит во Тиго треба добро да ја преиспита одлуката за потребата од кредитот, бидејќи таа не треба да биде ни пребрза ни спонтана. Исто така, клиентот треба да има на ум дека износот на кредит треба да соодветствува со неговите реални потреби и можности, односно, да не се потпаѓа во искушение да се земе максималната сума, доколку не е навистина потребна. Многу е важно клиентот да ги има предвид и внимателно да ги проучи сите информации за неговиот кредит, како време на доспевање на ратите, дополнителни трошоци и сл. кои со него се комуницираат во усна или пишана форма. Градењето на довербата е еден од постулатите на нашето работење, па токму затоа, настојуваме во секој формат да ги промовираме нашите кредити вистинито и без двосмисленост што може да ги збуни корисниците.“

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година