19 Мај, 2024
0.0274

БРЗО ПОМНЕЊЕ: Светски шампион во меморија ја открива тајната на брзото учење

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Светскиот шампион во меморија Доминик о Брајан има напишано книга за својот тренинг и подготовките за натпреварите во помнење. Во книгата пишува за методите кои ги користи, некои од кои се стари 25 векови.

Еве што ви препорачува за брзо да помните информации и да не заборавате:

Музикално учење

Голем дел од традиционалното учење доаѓа во облик на мали вербални реченици, без разлика за кој предмет се работи. Речениците се тешки за помнење сами по себе. Претворањето на речениците во мали музички делови (идеално, со мелодија која ја знаете и сакате), го олеснува учењето и го прави забавно.

Визуелно учење

 Доколку сакате да запомните нешто специфично, поврзете го со креативна слика. Таквите слики ќе изгледаат смешно, но поради тоа подолго ќе ги помните, заедно со речениците.

 Учењето нека биде човечно

 Учењето работи кои не можат да се замислат, како структура на клетки или облик на митохондрии, може да биде лесно доколку овие нешта се поврзат со работи што ви се познати, особено луѓе. Замислете ги сите тие нешта како ликови од вашиот живот или фиктивни ликови. Тогаш сцената ќе оживее и ќе ги запомните структурите кои треба да ги знаете.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“