26 Април, 2024
0.0292

Бучим оствари 10 милиони долари само во октомври

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Радовишкиот рудник за бакар и злато, Бучим, работи во полна пареа. Само во октомври оствари 10 милиони долари од продажба на бакарниот концентрат. -Само во октомври имаме двојно поголема реализација во споредба со претходниот период. Ова е резултат на зголемениот извоз на катоден бакар. Стабилната цена на бакарот од 8.000 долари за тон ни помогна да ги оствариме овие резултати“, вели за “Фактор“ заменикот генерален директор на Бучим, Николајчо Николов. Тој додава дека кон крајот на следниот месец треба да ги имаат и конечните резултати за рудните потенцијали на локалитетот Кадиица кај Пехчево. Според досегашните прогнози од истражувањата, Кадиица најверојатно лежи на повеќе од 100 милиони тони бакарна руда. -Бакарната руда од Кадиица е оксидна, што значи дека за нејзината преработка не е потребна флотација. Ќе ја преработуваме на самото место, односно ќе ја раствораме рудната резерва под земја за да добиеме течност богата со бакар. Очекуваме дека Кадиица ќе го продолжи континуитетот на Бучим во периодот 2019-2030 година. Се работи за инвестиција од неколку стотини милиони евра, секако доколку истражувањето ги даде очекуваните рудни резерви“, објаснува Николов. Од неодамна Бучим ги истражува рудните резерви и кај локалитетот Боров Дол, кај Радовиш. Боров Дол е богат со сулфиден бакар, руда каква што сега се ископува од Бучим. Според досегашните најави, од Бучим планираат ископаниот бакар од Боров Дол во иднина со транспортни ленти да го носат до Бучим.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина