26 Април, 2024
0.0314

Буџетот во 2012-та година има дупка од 186 милиони евра!

Објавено во: Финансии 26 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Ланската 2012 та година заврши со буџетски приходи од 2 милијарди и 241 милион евра. Со ребалансот на буџетот, Владата планираше да собере 2 милијарди 427 милиони евра. Со сумирање на буџетската 2012 та – практично се собраа 186 милиони евра помалку од планираните. Позначајно потфрлување има кај приходите по основ на ДДВ. За разлика од владините проекции да се соберат 718 милиони евра, во дванаесетте месеци од ланската година се собрале околу 630 милиони евра, што претставува минус од речси 90 милиони евра. Приходи од ДДВ Остварено         630 милиони евра Проекција         718 милиони евра Анализата покажува дека натфрлување на буџетските проекции има кај акцизата. Во 2012 та се собрале 273 милиони евра а според очекуањата, приходите од оваа давачка биле позиционирани на 259 милиони евра. Приходи од акциза Остварено              273 милиони евра Проекција               259 милиони евра Според објавените, прелиминарни податоци за остварување на Буџетот во 2012 та година, државата лани потрошила 2,5 милијарди евра а планирала да потроши 2,6 милијарди евра, што значи дека освен на приходната страна нема реализација ниту на планираните трошења со ребалансот на буџетот. Ниту во 2012 та Владата не успеа да ги релизира планираните капитални расходи. Со ребалансот на буџетот тие беа позиционирани на близу 348 милиони евра а според реализацијата на буџетот, заклучно со декември за каптални расходи се потрошени 305 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат