02 Мај, 2024
0.0706

БУЏЕТ 2023: Кој добива најмногу пари од планираните 5,3 милјарди евра за следната година?

Објавено во: Финансии 09 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Планот на Министерството за финансии за трошење на парите од државната каса е пред пратениците, кои во следниве денови треба да го разглeдуваат, по што ќе имаат можност да го искажат свој став. 

Документот кој ги содржи деталите за парите кои државата планира да ги собере, но и да ги потроши во текот на следната година, доставен е во Собранието, каде може да се види кој колку ќе добие од планираните 5,3 милијарди евра.

Кое министерство  има најголем буџет, односно кој ќе има најмногу пари на располагање за трошење во текот на следната година може да се види преку буџетот кој го скори Министерството за финансии.

На врвот на листата со најголем буџет е Министерството за финансии – Функции на државата, сектор задолжен за нормално функцонирање на институциите во државата. За него се планирани 1,2 милијарди евра, и тоа се финансии кои ќе бидат искористени за повеќе институции и владини тела. Самото Министерство за финансии добива 23 милиони евра.

Од Министерствата, убедливо најголем буџет за следната година државата одвојува за Министерството за труд и социјална политика. За ова министерство се планираат над 800 милиони евра, или поточно 868 милиони евра.

Меѓу топ три институции со највисоки буџетски средства е и Министерството за образование и наука. МОН согласно податоците во буџетот следната година ќе треба да добие скоро 506 милиони евра.

Во првите пет институции со повисок буџет е Министерство за транспорт и врски, кое следната година ќе имаат на располагање 324 милиони евра.

Следни на листата по буџетските средства се Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Притоа МО следната година ќе имаат на располагање скоро 277 милиони евра, додека пак МВР ќе добие 205 милиони евра.

Меѓу институциите кои исто така имаат поголема сума за трошење за следната година е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој која добива 143 милиони евра за трошење за следната година.

По нив е Министерството за здравство кое за следната година има скоро 112 милиони евра на располагање.

Под ставката Финансирање на дејностите од областа на културата, кои се всушност средства кои ќе ги се трошат од страна на Министерството за култура за следната година на располагање имаат скоро 66 милиони евра, и дополнителна помала сума за самото министерство.

„Фактор“ веќе објави дека од данок на личен доход в година треба да се соберат 431 милиони евра, наспроти 368 милиони евра колку што се предвидени за годинава и тоа со ребалансираниот буџет, што значи дека планиран е раст од над 17 проценти, или зголемување за 63 милиони евра.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци