Бугарски хеликоптер ќе гаси пожари во Македонски Брод
Објавено во: Македонија 02 Август, 2017
Како што вети бугарскиот премиер Бојко Борисов во Македонија е испратен бугарски хеликоптер МИ17 со екипаж од 12 лица како помош за справување со пожарите кои избувнаа изминатите денови.
Помошта ја побара Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а бугарскиот тим беше пречекан од премиерот Зоран Заев и од претставници на ДЗС и на Армијата на Република Македонија.
По пречекот е извршена координација и хеликоптерот е упатен на соодветна локација, за гаснење на пожарот во општина Македонски Брод.
Како што соопшти ДЗС, Македонија деновиве ја зафатија пожари од големи размери, но и покрај ангажираноста на тимови за заштита и спасување и воздухоплови, побарана е дополнителна помош од Бугарија.