05 Мај, 2024
0.0273

БУГАРСКИ ПРОФЕСОР КАКО ГЛАС НА РАЗУМОТ - ИВАНОВ: Мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи

Објавено во: Македонија 13 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Дека во Бугарија има разумни луѓе кои се свесни за минатото, покажаа и два статуси на бугарскиот професор Михаил Иванов, кој своевремено бил и советник на бугарскиот претседател Жељу Желев.

Имено, преку свој фејсбук статус, професорот Михаил Иванов го поддржа претседателот на земјава, Стево Пендаровски, кој, пак, вчера побара извинување за улогата на Софија во депортацијата на македонските Евреи.

Како што е познато, шефот на македонската држава потоа беше критикуван од бугарска страна. 

Професорот Иванов, пак, цитирајќи го нашиот претседател Пендаровски, рече дека се приклучува на неговиот повик. 

„Правда значи да се препознае и именува вистината, а таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи“, порача претходно Пендаровски.

А во својот понов статус, пак, на социјалната мрежа фејсбук, професорот Иванов вели дека го боли кога го слуша Горан Садикарио – директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

„Тој е апсолутно во право. Зошто не ги слушам демократските политички партии за срамната позиција во која генералот Радев и неговиот круг ја ставија Бугарија?“, додаде Иванов.



Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ