Бугарски професор тврди дека Пејчиновиќ бил Бугарин
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2022
На денот кога Македонската православна црква(МПЦ) го прогласи Кирил Пејчиновиќ за светец, на бугарската „Википедија“ тој стана Бугарин. Во интернет- енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, во неговата биографија ќе прочитате дека тој е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на својата татковина Бугарија.
Дел до бугарските историчари се јавија со обвинувања. Професорот на Факултетот по историја на Великотрновскиот Универзитет во Бугарија, Пламен Павлов, чинот на канонизирањето на Пејчиновиќ го нарече богохулење, но и прекршување на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Според Павлов, Пејчиновиќ бил Бугарин кој творел на новобугарски јазик. За македонскиот премиер Димитар Ковачевски ваквите тврдења се провокација.