18 Мај, 2024
0.0293

Бугарското МНР по забраната за формирање клубови со контроверзни имиња: Не е по Договорот за добрососедство

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Официјална Софија упати загриженост по изгласувањето на законските измени во македонското Собрание за фондации и здруженија. 

Министерството за надворешни работи на Бугарија реагира дека овие измени го попречуваат ефективното спроведување на Договорот за добрососедство.

Собранието неделава ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка.

Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

„Постои сериозна загриженост дека тие (законските измени) имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. 

Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени задници. Ограничувањата од ваков карактер во минатото веќе им беа наметнати на Бугарите во Северна Македонија“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Таму се додава дека со слични аргументи, во 2001 година била забранета организацијата Радко кој е псевдонимот на Иван Михајлов и дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) веќе донесол одлука по ова прашање.

Бугарија смета дека во интерпретацијата на историските личности и настани ќе биде доминантно официјалното интерпретирање што го има Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада