Бујар Османи: Беџети, Џафери и Бејта остануваат во ДУИ
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во „Летен клик“ на ТВ21 рече дека Невзат Бејта, Блерим Беџети и Муса Џафери и понатаму остануваат дел од ДУИ бидејќи не се изјасниле дека ќе учествуваат во друг политички субјект. Османи рече дека тиеучествувале и на состанокот на Генералниот совет.
Во меѓувреме Изет Меџити, лидерот на „Огнената група“, излезе од ДУИ со најава за формирање на нов политички субјект и веќе имаше средба со претседателоте на Беса и Алтернатива - Билал Касами и Африм Гаши за окрупнување на опозицискиот фронт.
„Секако дека ќе треба да разговарате со нив, би било поправилно, но тоа што беа на седницата на Генералниот совет, не се изјаснија дека се дел од нови движења, нови структури, нови организации, остава простор оваа дебата да се развива понатаму во партијата за да видиме што е понатаму во оваа насока“, рече Османи.
Османи рече дека политиката сега се следи 24/7 и дека со народот не може да се манипулира.
„Сега политиката стана како Големиот брат, ние сме под 24-часовен мониторинг на луѓето. Не можете да им кажете на луѓето дека Али Ахмети не е добар политичар, дека Али Ахмети не придонел за албанската кауза повеќе од било кој друг во историјата на овој народ“, рече Османи.