Бујар Османи поради Косово нема да оди на конференција во БиХ
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2018
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, нема да присуствува на конференција во Босна и Херцеговина поради тоа што домаќините не го поканиле Косово.
Бујар Османи потврди за медиумите дека го откажал учеството поради Косово. Исто така и Албанија нема да земе учество на конференцијата токму од истите причини.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати и Бујар Османи сметаат дека не може да се зборува за Западен Балкан без присуство на делегати на Косово.