Букет Геречџи реименувана на функцијата Извршен директор на Халк банка
Објавено во: Финансии 25 Август, 2021
Букет Геречџи е реименувана на позицијата Извршен директор на Управниот одбор на Халк банка. Народната банка веќе издала согласност, објавија од банката.
Издадена е претходна согласност за реименување на г-ѓа Букет Геречџи за период од
2 години, сметано од 06.08.2021 година. Промените се упишани во Централниот
Регистар на 12.08.2021 година. Букет Геречџи ќе продолжи да ја извршува функцијата Извршен Директор на
Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје, известуваат од Халк банка