Бун: Постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2023
Ако не се случат уставни измени, можно е Македонија и Албанија да бидат раздвоени во евроинтеграциите.
Тие се дел од договорот што Македонија и Унијата го постигнаа и нема други барања, порачува француската државна секретарка задолжена за Европа Лоренс Бун во интервју за МИА.
„Сега иднината на отворањето на пристапните преговори е во рацете на Собранието и Македонија има суверено право за да одлучи што сака. Но, се надеваме дека ова ќе се случи, дека земјата ќе се придружи на семејството на ЕУ, и се надеваме дека Македонија и Албанија ќе продолжат да бидат предводници, исто како што беа во изминатите години. Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината“, вели Лоранс Бун, државна секретарка за Европа на Франција.
И претходно, се споменуваше дека е можно Македонија и Албанија да бидат раздвоени на патот кон ЕУ. Сепак, македонскиот претседател Стево Пендаровски деновиве изјави дека не е оптимист во однос на уставните измени.