26 Април, 2024
0.0281

БУНГА – БАНГА, Силвио се враќа

Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Политиката е к.... Веројатно тоа била една од првите работи која Силвио Берлускони си ја кажал сам на себеси, кога дознал дека го осудиле на четири години затвор. Човекот кој 20 години доминираше на политичката сцена во Италија го осудија за сметководствени  манипулации со неговиот бастион, телевизиската компанија Медиасет. Вкупно 10 милиони евра ќе треба да врати на Италијанската држава, резултат на процесот во кој заедно со него меѓудругите на казна затвор од три години беше осуден и холивудскиот продуцент Френк Аграма. Инаку обвинети се дека во основа не плаќале даноци за филмовите кои биле емитувани на телевизиите на Берлускони. Ако знаеме дека неговата империја има годишни приходи од повеќе од 4 милијарди евра (колку пола наша економија) 10те милиони евра казна нема да бидат некој посебен товар. Но, затворот... е тоа богами ќе биде потешко да се издржи. Како и да е, со ова продолжува традицијата италијанската држава да ги гони нечесните премиери. Италијанците се научени да си гледаат премиерите позади решетки, т.е. да ги гледаат обидите за ставање на претседателите позади решетки. Џулио Андреоти, беше осуден на 23 години затвор за неговите врски со мафијата. Неговото име се врзува за голем број на скандали меѓудругото и за убиство на новинари и блиски врски со челните луѓе на мафијата. Како што беше осуден, така беше и ослободен, подобро кажано не одлежа ни еден ден затвор. Бетино Кракси, исто така премиер на Италија и интересниот премиер чиј кабинет траел најдолго во историјата на Италија (првото место го држи Берлускони) бил осуден на 8,5 години затвор. Погодете колку одлежал....Точно, не одлежал ниту еден ден. Сепак него не го ослободиле туку си заминал на одмор во Тунис (кој траел додека не починал. Кракси е инаку ментор и близок пријател на Силвио. Да се вратиме сега на главната приказна. Како што дознава дека ќе треба да оди на принуден одмор, Берлускони најавува дека ќе се враќа во политиката. И тоа би било ОК, доколку на премиерското место таму не е Марио Монти, човекот кој е поставен да го средува тоа што Берлускони низ годиниве го растурил. Е сега, доколку Берлускони успее да ги убеди партиите од десницата да му ја одземат подршката на Монти, постои опасност Италија да западне во сериозен хаос кој и те како ќе ја замрси ситуацијата во Европа, која таман што почна да се созема од постојаните шокови. Во првите настапи во кои го најавува своето враќање Берлускони веднаш удри онаму каде што сите ги боли. По хегемонијата на Германија и по Ангела Меркел и Саркози кои што сакале да му ја уништат неговата кариера. Кон тоа дека во неговата држава сега владее дикатура и сл. Популизмот се чини дека секогаш и секаде е краткорочно најдобар избор. Берлускони инаку со пресудата има забрана од 5 години за политички ангажмани. Сепак бидејќки пресудата не е правосилна, таква забрана во моментов реално нема. Стариот волк очигледно реши да ги извади големи чипови на маса. Но за негова жал, позади него веќе ја нема подршката на јавноста (не во толкав број) и истовремено ја носи опашката на љубител на млади жени (овде повеќе му завидуваат, отколку што го мразат). Сепак стравот од друг тип бунга-банга забави го натера Берлускони да ги засука ракавите и да си ја брани државата од големите хегемони. Форца Силвио ! Р.Ф.