Бурниот живот на актерот Том Круз којшто е дел од секта
Објавено во: Свет 26 Април, 2018
Том Круз(55) претставува еден таинствен актер којшто не сака многу да се експонира, но за жал во тоа не успева баш најдобро.
Со него се поврзани многу контроверзии почнувајќи од тоа дека не сака да ја гледа неговата ќерка Сури, за која се шпекулира дека ја нема видено повеќе од една година. Од друга страна пак, неговите деца од бракот со Никол Кидман избрале да живеат со него наместо со нивната мајка.
Тој е дел од Скиентолошката црква која исто така е проследена со бурни контроверзии. Таа секта забранува многу работи, а Том Круз е нејзин следбеник со децении.