26 Април, 2024
0.0303

Celio* пролет-лето 2017 колекција

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За оваа сезона, celio* ве води на патување. За пат околу светот, celio* предлага 6 колекции инспирирани од шест дестинации кои не смеат да се пропуштат оваа сезона:

ТОКИО

Овој голем, светски познат град, колевката на идните трендови и современата мода, секогаш успева да привлече со својата едноставност и спокојство. Celio* црпи инспирација од оваа внимателно контролирана мешавина и предлага канцелариски изглед кој воедно е дискретен и рафиниран, но исто така забавен и строго дефиниран. Базирана на американската работна облека со доза на автентичен јапонски допир, оваа линија прилега на сите облици на тело.  Избледените „винтиџ“ џинс парчиња се комбинираат совршено со живи бои и весели принтови. Облеката за на плажа е во светли нијанси и флуоресцентни бои.

ЊУЈОРК

Метежот и вревата на Њујорк и Вол Стрит е она што го инспирираше celio* да креира лежерна и шик линија. Опуштена и реласкирана облека составена од лесни јакни, летни „чино“ панталони и шорцови во секакви бои, „џогинг“ панталони и спортска облека која  се комбинира со најшик парчињата како што се сакоата и класичните панталони.
Колекцијата добива нови форми со обновена техничка прецизност и квалитет.
Неутралните тонови како што е бледокафената боја, морнарско сината и црната се збогатени со пругасти шари кои даваат нова динамика на парчињата.

ЛОС АНЏЕЛЕС

Фасцинaцијата од јужнозападниот Американски континент, но поточно од Лос Анџелес и медитеранската клима – сонце, свеж воздух и едноставните линии на пустината , ја креираат инспирацијата за минималистичкиот стил и функционалниот израз „соголен“ од секакви ексцеси. Celio* се концентрира на она што е суштинско и едноставно, лансирајќи линија со „basic“ парчиња кои се обновени со премиум материјали. Меѓу највпечатливите производи се бежовите памучни кратки палта, ветровките со бела качулка со крзно и сиви памучни блузони.

БАЛИ

Ова е перфектна џинс колекција произведена од еден основен тренд - културата придружена со индиго боите.  Од благородниот, природен пигмент кој се користи насекаде во светот, индиго бојата зависи од тоа колку пати материјалот ќе се потопи во бојата.  Од темната нијанса како длабочините на океанот до акварелната боја на лагуните и небото, или пак индиго боја со избледен ефект, сите сини нијанси се комбинираат со многу светли парчиња – бели панталони или бежови бермуди.
Кога ќе настапи жешкото лето, принтовите со листови од палми и тропските мотиви на кошулите и памучните блузи ќе бидат актуелен тренд. Палетата на бои варира од нијансите кои би можеле да се добијат од влијанието на сонцето и водата. Со оваа линија, celio* комбинира избледен џинс и маици во рачно боени нијанси, како и шорцови и модни додатоци.


ГАНА

Многу релаксирана колекција составена од графички принтови и разнобоен стил кој влече инспирација од џинс светот. Освен индиго бојата, трендот на боите продолжува во земјени, теракота, бледокафени, кафени и „каки“ џинс нијанси. Особено внимание се обрнува на принтовите, везовите и деталите. Највпечатливи парчиња се маиците со долги ракави и со војнички везови на задниот дел, кошулите со кратки ракави со геометриски, анималистички и маскирни мотиви, како и избледените памучни бермуди во различни нијанси.

ЊУ ОРЛЕАНС

Бидејќи ништо не е поважно од тоа да уживате во животот, celio* го одбра градот Њу Орлеанс со својата богата историја, кутура и заедница на уметници. Каков што е духот на градот - со уметничка атмосфера и џез култура, поформалната облека е составена од комбинација на нови и стари трендови. Оделата од 50-тите години на минатиот век се достапни во традиционални бои, со палта на преклопување. Овој „градски“ кодекс на облекување открива безвременски изглед со мајсторски финиши и кројачки вештини –различни видови на штепување и контрастни детали на ленените и врвно скроените памучни одела. Колекцијата е богата и со марами и шалови со ситни, но впечатливи шари, како и шапки од секаков вид.

Важен новитет во колекцијата на Celio* за оваа сезона е воведувањето на Powerflex технологијата за изработка на фармерки. Уникатноста на вака изработените фармерки се состои во специјалното ткаење кое спојува еластин, памук и полиестер и овозможува 80% еластичност или совршено удобно парче облека и оневозможува деформирање на фармерките со носење (растегнување, проширување, итн.).

 

             

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”