02 Мај, 2024
0.0261

Цената на нафтата расте – насилството во Египет продолжува

Објавено во: Анализа 17 Август, 2013

Добивај вести на Viber

По соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси скокна и цената на нафтата. Сега аналитичарите расправаат,  дали немирите на Блискиот Исток се единствениот фактор за растот и уште колку ќе поскапи црното злато. Како што јавува CNBC, немирите во земјата ги загрижија инвеститорите и ги засилија стравувањата дека насилството може да се прошири во соседните земји - исто така производители на нафта. Во прилог на ова една оди фактот што голем дел од светските потреби се транспортираат токму преку Суецкиот канал. Синоќа лесната сурова нафта во САД поскапе до 107,46 долари за барел. Само оваа седмицата цената скокна за е 1,4 отсто, анализира MarketWatch. Во Лондон цената ја помина границата од 110 долари. Покрај тоа што насилството во Египет предизвика смрт на над 600 лица и се заканува да прерасне во граѓанска војна, од Capital Economics сметаат дека геополитичка нестабилност е занемарлив фактор за растот на цените на нафтата. „Прекинот на снабдувањето од Либија, Ирак и Нигерија ја одигра својата улога, но мора да внимаваме кога му припишуваме повеќе од 2-3 долари од поскапувањето на случувањата во Египет", вели во својот извештај Џулијан Джесп од оваа компанија. Тој истакнува дека за време на Арапската пролет немало прекини на транспортот на црното злато и гас преку Суецкиот канал. „Дури и да има некакви пречки, САД и сојузниците може да спречат остар скок на цените, ако деблокираат дел од резервите", се наведува во анализата. Во документот се истакнува дека растот на цените на црното злато може да се објасни со зголемениот оптимизам за светската економија и развојот на пазарите на акции од крајот на јуни. „Остар пад на резервите на САД исто така би поддржал раст на цените", нагласува експертот. Експертот Том Исај исто така, смета дека ситуацијата во Египет не е пресуден фактор за пазарот на нафта. „Египет не е толку голем проблем и јас не мислам дека тоа ќе доведе до значително зголемување на геополитичката ризична премија кај нафтата, освен ако другите блискоисточни земји не се вклучат во конфликтот. Како и обично, главната загриженост е поврзана со ширење на неизвесноста ", вели тој и додава дека според него цената на нафтата во моментов зависат главно од економските податоци, а трговците со нетрпение го очекуваат сите броеви кои би укажуваат дали федерални резерви ќе почнат наскоро да повлекува стимулациите за економијата. Што се однесува до прогнозите за движењето на цените на нафтата во текот на следната недела, аналитичарите, се поделени во своите размислувања. Продолжуваат немирите во Египет Како што јавуваат светските агенции, најмалку 70 луѓе загинале вчера во Египет при судирите меѓу силите за безбедност и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси. Триесет и девет тела биле оставени во две импровизирани мртовечници во центарот на Каиро каде полицијата пукаше во демонстранти. Исламистите од Муслиманско братство тврдат дека има најмалку 45 убиени во Каиро. Триесет и еден човек загинале во судири во останатиот дел од државата.Вкупниот биланс на жртвите досега порасна на 600 лица.

Египетската армија го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси на 3 јули, по што има секојдневни протестите во сите поголеми египетски градови.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад