29 Април, 2024
0.1660

Центрите за развој на планските региони ќе добијат пари за проекти за руралните средини

Објавено во: Агробизнис 15 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

На 14-та седница на Владата, усвоена е Програмата за капитални субвенции во руралните средини. 

Тоа е Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година со која ќе се подобри руралната инфраструктура и пристапот до земјоделските површини.

„Корисници на средствата на оваа програма се центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој“, соопштија од Владата. 

Избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од дванаесет месеци од денот на потпишување на договорот за финансирање. Корисниците ќе поднесат финансиски и наративен извештај најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?