16 Мај, 2024
0.0277

ЦГК: Се повеќе тендери се склучуваат со преговарање без објавување оглас

Објавено во: Анализа 01 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Расте бројот на тендери кои се склучуваат со преговарање без објавување оглас. Според податоците на Центарот за граѓански комуникации во првите девет месеци од годината со ваква нетранспарентна постапка склучени се договори вредни 47,7милиони евра. „Вредноста на овие договори е за 49,5%поголема од нивната вредност во однос на истиот период 2012 година кога вредноста на склучените договори без објавување оглас изнесувала 31,9 милиони евра, а во 2011 година изнесувала 29,2. Односн о и покрај сите укажувања дека треба да се превземе нешто, оваа произлегува дека и натаму се зголемува склучувањето на догогвори без објкавување оглас“велат во Центарот за граѓански комуникации. Главна причина зошто теднерите се склучуваат без претходно објавување на оглас е поради неможноста да се спроведе е -аукција од причини што не постои доволно конкуренција. Мала конкуренција на фирмни во јавните набавки, е еден од клучните проблеми што се констатира во истражуавњето на Центарот за граќански комуникации. Според податоците од извештајот во во 5% од мониторираните тендери не е доставена ниту една понуда, во 35% од нив била доставена само една понуда, во 2% од тендерите имало по само две понуди и солидна конкуренција од три и повеќе понудувачи имало во 40% од тендерите. Токму поради ваквата состојба, електронската аукција иако е задолжителна, сепак речиси вна секој втор теднер не била спроведена. „Поради вака малата конкуренција, иако била планирана во сите е-аукција не била одржана на секој втор тендер (51,28%) со тоа што дел од овие тендери биле и поништени. Оттука, во овие постапки постои зголемен ризик договорот да е склучен по повисоки цени од реалните на пазарот. Имено, постои непишано правило фирмите нанајпрво да нудат повисоки цени за нивните производи, услуги или работи во очекување на намалување во текот на е-аукцијата“, стои во извештајот. Од друга страна, постојат неправилности во текот на јавните отворања на понудите. Имено, во мониториран тендер за набавка на храна за пациенти на претставникот на Центарот за граѓански комуникации, во терминот наведен во огласот за јавна набавка како краен рок за доставување на понудите, му било соопштено дека јавното отворање на понудите веќе е одржано, што не евос огласност со законите, бидејќи евентуалната промената на времето на отворањена понудите мора да биде јавно објавена на Електронскиот систем за јавни набавки. Во овој тендер тоа не беше направен. „Според добиените податоци од Извештајот за спроведената постапка се констатира дека на овој тендер понуда доставила само една фирма со која и е склучен договорот. Притоа, за да можат да учествуваат на овој тендер за храна за пациенти во вредност од околу 170.000 евра, од фирмите се бараше да имаат минимум 5 професионално редовно вработени готвачи и минимум 20 вработени. Притоа добавувачот требаше да се обврзе дека ќе вработи со преземање 7 сервирки на кои им престанал работниот однос кај договорниот орган поради економски, технолошки, структурални или слични промени воведени во Клиниката. Под истите услови оваа здравствена установа го спроведе и тендерот за набавка на храна за пациенти и во 2012 година. Оттука, единствениот понудувач кој доставил понуда и на сега мониторираниот тендер е истиот со кој оваа здравствена институција веќе имал а договори за набавка на храна за пациенти и во претходните две години (2011 и 2012 година)“, објаснуваат од Центарот за граѓански комуникации. Во третиот квартал од 2013 година секој четврти тендер бил неуспешен. Најчеста причина за поништување е дека не е поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда. Што повторно го отвора прашањето за поставувањето на високи услови за квалификување на фирмите за учество на тендерите што оневозможува натпревар помеѓу повеќе фирми и избор на најповолната понуда. „Во периодот јули-септември 2013 година поништени се 1.129 тендери што наспроти вкупно објавените огласи во тој период (4.397)претставува удел од 25,7%. Гледано во однос на претходните две години произлегува дека интензитетот на поништувањата на тендерите е на исто ниво три години по ред Практично на овој начин тендерите се поништувани за потоа да се примени постапка на преговарање без објавување на оглас со цел низ директни разговори побараната цена да се вклопи во проценетата вредност за набавката. Имајќи го сето ова предвид може да се констатираме дека во вака високиот удел на поништувања можат да се бараат и субјективни причини и свесни или несвесни грешки на договорните органи. Оттука неопходно е да се преземат мерки за изрекување на санкции за договорните органи кои имаат висок удел на поништени во однос на вкупн објавени постапки за јавни набавки, препорачуваат во Центарот за граѓански комуникации.