26 Април, 2024
0.2675

ЧАДИЕВА: СЈО кошмар за ВМРО ДПМНЕ, рокот за покренување обвиненија ќе биде продолжен

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

подготви: Горазд ЧОМОВСКИ

Адвокатот Даница Чадиева за Фактор проценува дека на СЈО ќе му биде продолжен мандатот за покренување на обвиненија, додавајќи дека оваа институција е составен дел од Пржинскиот договор и мора да му се овозможат услови и да му се даде времето кое му е потребно за да ја заврши својата работа.

„Во поглед пак на тоа дека за продолжување на мандатот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието,останува само прашањето преку кој модел ќе се изведе тоа. Дали тоа ќе биде анекс на Договорот од Пржино,или нов Пржински договор, ставот е јасен и политичките партии кои учествуваат во новото Собрание тоа ќе мора да го почитуваат, односно ќе мора и убедена сум лично дека ќе се изгласа продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство,како и Законот за заштита на сведоци“, вели Чадиева.

ПАРТИИТЕ САКАЛЕ ИЛИ НЕ ЌЕ МОРА ДА ДАДАТ „ЗЕЛЕНО СВЕТЛО“ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО

Специјалното јавно обвинителство е производ кој произлезе од Пржинскиот договор,кој пак беше прифатен од 4-те најголеми политички партии вклучувајќи ја секако и ДПМНЕ. Насоките за владеење на правото и правдата во Република Македонија во извештајот на Прибе и Европската комисија беа јасни и концизни.Тој извештај содржи клучни реформски мерки околу судството и владеењето на правото кои мора да бидат применети што поскоро. И во последниот извештај на Европската комисија,таа ја повтори условената препорака а тоа е целосна примена на договорот од Пржино, како и непречена работа на СЈО .

Европската Унија се надева на брзо форимирање Влада,пораките од таму се јасни и по последната посета на Јоханес Хан,и од изјавата на портпаролката Маја Коцијанчич во која се вели дека континуирана примена на сите делови од Договорот во Пржино и реформските приоритети се клучни .СЈО е составен дел од Пржинскиот договор и мора да му се овозможат услови и да му се даде времето кое му е потребно за да ја заврши својата работа.

Во поглед пак на тоа дека за продолжување на мандатот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието,останува само прашањето преку кој модел ќе се изведе тоа. Дали тоа ќе биде анекс на Договорот од Пржино,или нов Пржински договор, ставот е јасен и политичките партии кои учествуваат во новото Собрание тоа ќе мора да го почитуваат, односно ќе мора и убедена сум лично дека ќе се изгласа продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, како и Законот за заштита на сведоци.

ОПСТРУКЦИИТЕ КОИ СЕ ПРАВАТ ВРЗ СЈО ДОВЕДУВА ДО ОДОГОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ

Не може да се става на оценување динамиката со која работи СЈО.Според мене ,за да може уште поефикасно и навремено да ги изврши поставените задачи,неопходно е по итна постапка да се дополни Законот за заштита на сведоци,но и некој вид на судско одделение или специјален суд ,за којшто зборував уште кога се формираше СЈО,бидејќи периодов зад нас сме сведоци на целиот отпор,игри и одолговлекување на постапките токму од страна на судот.

Исто така сведоци сме и на сите опструкции од другите органи и институции кои ги има кон Специјалното јавно обвинителство,преку МВР,Управата зајавни приходи,па дури и Основното јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители.Сета таа попреченост во нивната работа секако доведува до одолговлекување на сите предмети и воопшто на работата на СЈО. На крајот,како адвокат,можам и да замислам со кои се докази се соочуваат и колку во хартија “тежи”секој еден предмет на работа кај нив и од тука за мене лично динамиката со која се отвараат предметите е сосема очекувана.

МНОГМИНА  ОД ВМРО ДПМНЕ НЕ СПИЈАТ МИРНО,  СЈО ЗА НИВ  Е КОШМАР

Уште од почетокот нелегалното прислушкување започнува со Груевски и Сашо Мијалков.Фатени во нелегално прислушување,стотици финансиски криминали,монтирани политички судски процеси,местени тендери и стотици кривични дела луѓето во врвот на ДПМНЕ,и луѓе блиски соработници со Нив,се оние кои денес не само што критички ја опсервираат работата на Катица Јанева и СЈО,туку тие истите од опсервациите немаат ни мирен сон.Тоа е цела пајакова мрежа која така добро си “работела”изминативе 11 години,ни во најлошиот кошмар не очекувале дека ке бидат осомничени ,обвинети или осудени.

Тука си го имаа нивниот Марко Зврлевски,нивното сваровски судство и се си течело непречено.Но се случија бомби.Се случи Пржино,и се случи СЈО.Што да очекуваме од нив сега? Пофални зборови и позитивни критики кон СЈО?  Се е веќе јасно.Правдата полека почнува да функционира во државата.И не само што не се точни критиките дека таргет на СЈО се луѓе кои критички ја опсервираат нивната работа,туку напротив,работата е обратно поставена како што кажав погоре.Луѓето кои се предмет на истрага, осомничените и обвинети во предметите на СЈО,луѓето од тогашната власт,луѓето од ДПМНЕ и блиските до нив,меѓу кои и многу медиуми како што гледаме се истите оние кои спасувајќи што може да се спаси,упатуваат критики дека се таргет на СЈО ,глумејќи жртви и невиност.Таргет на СЈО се криминалците и сторителите на кривични дела и никој друг.

НЕОСНОВАНИ СЕ ТВРДЕЊАТАДЕКА СЈО РАБОТИ НА ЗАМОЛКНУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ

Последните очајнички обиди на Груевски и на фамилијата како што гледаме се преку народот на улица и преку медиумите кој исто така одлично ја завршуваа досега својата работа.Така и денес,дел од медиумите во знак на револт ги спуштија камерите не пренесувајки го пресот на СЈО.Но вистината е сосема поинаква.Ниту еден медиум како што изјави на пресот обвинителката Ленче Ристовска не е предмет на истрага.Лично не сметам дека Специјалното јавно обвинителство прави било каков и најмал притисок врз некој медиум.

Напротив,сосема правилно ги извршува своите задачии секогаш коректно со медиумите,притоа одговарајќи на сите прашања поставени на пресовите од новинарите од сите медиуми.Тоа што се случува сега,сторители на кривични дела да се сопственици на медиуми само ја прави сликата комплетна,зошто истите медиуми толку слепо одработуваат се уште за оваа криминална власт, затоа што истите биле вклучени во финанскиските криминали и злоупотребите на парите на граѓаните.Кривичниот закон е јасен-секој што сторил кривично дело ќе одговара,без оглед дали е сопственик на медиум.

Од тука нема никаков притисок врз медиумите барем што се однесува од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите