02 Мај, 2024
0.0410

ЧЕСТО ЛЕТАТЕ СО АВИОН: Ова се 10-те најефтини авионски линии во светот

Објавено во: Стил 21 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Вебсајтот за авијација „Skytrax“ направи истражување во врска со квалитетот на услугите поврзани со авионските летови, по што изготви листа на најевтините авиокомпании, базирана на резултатите од истражувањето.

Погледнете како изгледа листата на „Skytrax“, базирана на одговорите на корисниците на авио услуги, објавена во „Business Insider“.

10. „Azul Brazilian Airlines“. Оваа авиокомпанија е базирана во Сао Паоло и исполнува правци главно во рамките на Бразил и ограничен број на дестинации во САД и Европа. Има награда за најдобра нискотарифна авиокомпанија во Јужна Америка.

9. „Jetstar Asia“. Основана во 2004 година, компанијата е со седиште во Сингапур и е подружница на „Jetstar Airlways“, која од своја страна држи најниски цени во групата на австралиските авиолинии „Qantas“. Дестинациите до кои летаат „Jetstar Asia“, се главно во Југоисточна Азија. Рецензентите во анкетата на „Skytrax“ ја проценуваат најмногу ефикасноста на нејзиниот услужен персонал и ниските цени, се разбира.

8. „IndiGo“. Компанијата е основана во Њу Делхи во 2006 година и брзо се претвора во една од најпознатите ниско тарифни превозници во Азија. Тоа е една од најбрзо растечките авиокомпании во регионот. За седма година по ред е прогласена за компанијата со најдостапни цени на летовите на територијата на континентот.

7. „WestJet“. Од лансирањето во 1996 година до сега успеала да стане втората по големина авиокомпанија во Канада. Во моментов оперира со повеќе од 100 авиони Боинг до над 100 дестинации во Северна Америка и Карибите.

6. „AirAsia X“. Фирмата нуди најниски цени во светот за летови на долги растојанија.

5. „Jetstar Airways“. Подружницата на австралиската национална авиокомпанија „Qantas“ е базирана во Мелбурн. Анкетираните потрошувачи најмногу се импресионирани од удобноста на кабината и цената, која ја плаќаат за неа.

4. „EasyJet“. Во последните децении ниските цени на летовите на компанијата помагаат да се претвори во еден од најбараните даватели на авио услуги. Дестинациите до кои летаат кои се над 800 во цела Европа, исто така се клучен фактор за нејзиниот успех.

3. „Norvegian Air“. Ова е една од најагресивните и спорни авиокомпании во светот. Со ниски цени таа го навлече гневот на американските конкуренти, нудејќи трансатлантски летови со конкурентни цени со помош на сестринска фирма во Ирска. Во исто време компанијата е високо ценета од своите патници кои четири години по ред ја избираат за најдобра ниско тарифна авиокомпанија во Европа.

2. „Virgin America“. Ова не е само најдобра ниско тарифна авиокомпанија во Северна Америка, но и најдобра авиокомпанија таму. Со седиште во Сан Франциско превозникот им нуди на своите клиенти стил и квалитетни услуги на најконкурентни цени.

1. „Air Asia“. За осма година по ред „Air Asia“ ја освојува титулата најдобра авиокомпанија со најниски цени. Извршниот директор Тони Фернандес и неговиот тим имаат постигнато чудесни резултати во последните 15 години, за да стане компанијата од обичен мал државен превозник во неоспорна воздухопловна сила од светска класа.