Четири години по ред овој град има најмногу туристи
Објавено во: Свет 05 Септември, 2019
Градот Бангкок е на врвот на листата како град кој го посетиле најмногу интернационални туристи – 22,7 милиони. Главниот град на Тајланд, изминатите четири години ја држи оваа позиција.
На второ место е Париз со 19,10 милиони туристи, а потоа се редат Лондон (19,01 милиони), Дубаи (15,93 милиони) и Сингапур (14,67 милиони). Годишната листа која ја составува Mastercard се базира на бројот на туристи и на нивната потрошувачка во 200 најголеми градови во светот.
Њујорк е единствениот американски град кој се најде меѓу топ 20 градови, поточно ја зазеде седмата позиција на годинашната листа со вкупно 13,6 милиони посетители.
Дубаи е погласен за град каде што на глобално ниво туристите трошат најмногу пари. Во овој град туристите потрошиле 30,82 милијарди долари. Со оглед на тоа дека туристите во Дубаи поминуваат просечно три и пол ноќи, тоа значи дека трошат по 553 долари од ноќ. Мека е на второ место по потрошувачката на туристите за минатата година – 20,09 милиони долари, додека Бангкок е на трето место со 20,03 милиони долари.
фото Википедија
Читајте уште