Четворица приведени за нападот врз Села добија притвор
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2017
30 дена притвор добија четири лица за кои јавното обвинителство вчера бараше да се приведат за постапката на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села.
Денеска од ОЈО Скопје соопштија дека е определена мерка Притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство.
Во однос на петото лице, дополнително ќе се носи одлука за притвор бидејќи истото е со нарушено здравје .
Зијадин Села беше меѓу пратениците кои беа најсурово нападнати и претепани на “крвавиот четврток“, кога толпа народ упадна во Собрание кога СДСМ прогласуваше собраниски претседател.