Оваа недела Чиле почна постепено да ја скратува работната недела од сегашните 45 на 40 часа. Во таа јужноамериканска земја стапи на сила законот за 40-часовна недела, ама тоа ќе биде дури за четири години.
Првично работната недела ќе биде скратена од 45 на 44 часа. Во април 2026 година работната недела ќе се намали на 42 часа, а потоа конечно на 40 часа неделно во 2028 година.
Платите на вработените остануваат исти, а Чилеанците имаат прекумерна работа и посебно оптоварување кај жените.
„Овој закон е добар за земјата, работниците и компаниите“, изјави министерката за труд Жанет Јара за радио станицата Кооператива.„Во моментов има многу отсутни од работа поради замор, психички болести поради прекумерна работа и двојно оптоварување на жените“, додаде таа.
Во рамките на ОЕЦД, Чиле е една од земјите со најдолго работно време.