02 Мај, 2024
0.0272

Чистата тајна на среќата – молитва за секој ден!

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Веројатно на многумина им се поинтересни оние „жолти штампи“ кои со провокативни наслови привлекуваат публика .

Ние пак ви пренесуваме работи кои може да бидат доста поучни.

Оние кои ќе ве направат посреќни. Денес ќе ви дадеме една задача поразлична од другите, а ваше право е дали ќе ја прифатите и примените.

Ајде денес, или пак од утре - уште со отворањето на очите - наместо да скокнете нагло од креветот, со мислата "Уф, колку задачи имам денес!", Да се ​​протеееегнете убаво во кревет, на сите страни, да си дадете време да почувствувате како животот се буди во секоја честичка од вашето тело, да го почувствувате истегнувањето. А потем - помилувајте ги умот, и срцето. И целиот свет. Кажете си "Ти благодарам Боже, дека и денес сум жив, дека животот го исполнува моето тело, ми вози огнена крв во вените , со светлината на Сонцето се обоени моите очи, Твојата искра го милува мојот ум. Ти благодарам за здравото и убаво тело со кое ме благослови. Ти благодарам за младоста, за животот, за можностите кои ми ги даваш секој миг. Ти благодарам, Господи за минатото, за иднината, за можноста да живеам СЕГА. Ти благодарам што секогаш си со мене, Господи, дека секогаш околу мене има светла свита од ангели-чувари, ти благодарам што ме чуваш, пазиш и водиш за да ги правам смело своите чекори по патот на Животот. Ти благодарам за сите дарови кои ме очекуваат и денес, во овој благословен ден. Оставам се во твои раце, Господи, со целосна доверба, верба, отвореност и знам дека се што доаѓа денес е најдобро за мене. Подготвен сум да го пречекам и доживеам на најдобар можен начин! "

А во прилог можете да си ја кажете и оваа прекрасна молитва од Антоан де Сент-Егзипери:

Господи, јас молам за чуда и чудеса, а за силата на секој ден. Научи ме на уметноста на малите чекори.

Направи ме учтив и информиран, за да можам во секојдневието навреме да се задржам на откритијата и искуството кои ме инспирираат.

Научи ме правилно да го разпределам времето во животот. Дари ми тенок талент, за да го разликувам најзначајното од неважното.

Јас молам за сила за воздржување и мерка за да не брзам и да не ползам во животот, а мудро да го планирам денот, да можам да видам врвови и далечни пространства, а понекогаш дури и да имам време за уживањето во уметноста.

Помогни ми да сфатам дека илузиите не помагаат со ништо. Ниту спомените за минатото, ниту соништата за иднината. Помогни ми да бидам овде и сега и да ја гледам оваа минута како најважна.

Запази ме од наивна верба дека сè во животот треба да биде лесно. Подари ми јасна свест за тоа дека комплексноста, поразите, падовите и неадекватноста се природен дел од животот, благодарение на кој ние растеме и созреваме.

Напомнувај ми дека срцето често се расправа со разумот.

Испрати ми во потребниот момент некој кој има моќ да ми ја каже вистината, но кој ќе го направи тоа со љубов.

Знам дека одлуката на многу проблеми е во чекањето. Затоа научи ме на трпение.

Ти знаеш колку голема е потребата од пријателство. Направи ме достоен за овој прекрасен и нежен дар на судбината.

Дај ми богата фантазија, за да можам во потребниот момент, на потребното место, молчејќи или говорејќи, да му подарам некому потребната топлина.

Направи ме човек, способен да достигне до оние кои дошле до дното.

Запази ме од стравот да не пропушам нешто во животот.

Дај ми го не она што го сакам, туку она што всушност ми е потребно.

Обидете се. И денот ќе ви биде различен. Гарантираме. Еве ви една малечка, и многу чиста тајна на среќата. Интегрирајте ја во вашиот живот. Направете ја вашата навика. Споделете ја со пријателите. Живејте ја!