26 Април, 2024
0.0289

Чистка во Саудиска Арабија: Невиден преседан во 85-годишната историја на земјата

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Изненаднто отстранување од позицијата и апсењето на десетици министри, членови на кралското семејство, високи службеници и високи офицери од престолонаследникот на Саудиска Арабија е настан без преседан во 85-годишната историја на кралството, пишува во својата анализа Хамза Хендауи од американските медиуми.

Истото сепак важи и за незапирливиот засега подем кон тронот на еден триесетгодишен член на кралското семејство, кој само до пред три години беше речиси непознат меѓу кругот на постарите принцови со повеќе искуство.

Основан во 1932 година од страна на кралот Абдул Азиз бин Сауд, кралството Саудиска Арабија до денес е управувано од шестмина монарси, а сите тие биле синови на таткото основач, кој починал во 1953 година. Никој од нив не бил под 50-години, преземајќи го управувањето на огромното, кралство богато со нафта . Актуелниот монарх, Кралот Салман, имаше  79, кога се искачи на тронот пред речиси три години.

Шокантните акции на наследникот Мохамед бин Салман зборуваат за храбар обид да ја зајакнат својата моќ преку антикорупциски мерки, како што беше најавено. Мохамед ќе биде прв на престолот на неговата генерација, при што моќта на синот на основачот на кралот Абдул Азиз ќе му ја предаде на внукот.

Со децении власта се предавала од брат на брат, но прицот Мохамед ќе го наследи престолот од својот татко. Покрај тоа, принцот е исто така министер за одбрана, и управува со сите аспекти на економијата на земјата, планирањето, реформите и безбедноста.

Само пред два или три месеци тој не беше толку сигурен дека ќе се искачи на престолот. Принцот Мохамед бин Најеф, искусен во менаџерските дела, беше прв во линијата за наследување на тронот, но крал Салман го лиши од статусот на престолонаследник и од неговите функции на шеф на борбата против тероризмот и министер за внатрешни работи. Како резултат на тоа синот на кралот, принцот Мохамед бин Салман, како што изгледа, нема да има многу ривали за престолот.

Претходно крал Салман го отстрани од листата на наследници на тронот својот полубрат принцот Мукрин. Во април 2015 година Салман го назначи принцот Мохамед бин Салман за втор во оваа листа, давајќи му ја титулата заменик-престолонаследник со што изненади многумина повисоки и поискусни членови на владејачкото семејство.

Теоретски изборот на престолонаследник по стапување на нов крал на тронот е обврска на посебно тело - Советот за лојалност, создаден во 2007 година од страна на покојниот крал Абдула и составен од синовите и истакнати внуци на кралот основач Абдул Азиз. Сепак, при случувањето на промените по 2015 година, улогата и влијанието на советот беа ограничени.

И покрај напорите за консензус Саудиска Арабија продолжува да е апсолутна монархија, во која сите важни одлуки остануваат овластувањата на кралот.

Дури при несогласувања сепак кралското семејство секогаш ја следело традицијата да зборува во еден глас, особено по прашањето за наследување, за да демонстрира единство пред највлијателните племиња и духовништво во Саудиска Арабија. Апсењата на истакнати принцови изгледа го менуваат начинот на кој кралското семејство се справува со внатрешните спорови, но ќе го насочат вниманието кон престолонаследникот како храбар реформатор, решен да го модернизира конзервативното кралство, каде што се наоѓаат најважните исламски светињи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис