ЧИТАТЕЛИТЕ ИЗБРАА: Оваа е најубавата земја на светот
Објавено во: Стил 04 Септември, 2017
Читателите на водичот Раф Гајд ја избраа Шкотска за најубава земја на светот.
Се наведува дека земјата има убави замоци и длабоки езера.
Зад Шкотска е Канада, а зад неа е Нов Зеланд. Подолу на листата е Италија и Јужноафриканската република. Шеста е Индонезија, седма е Англија, осма е Исланд, деветта е САД, а на десетто место е Велс.
На списокот на најубави земји се наоѓаат и Хрватска и Словенија од Балканот.
Словенија е на 11-то, а Хрватска е на 19-то место.