Членовите на „Леб и Сол“ одликувани со Орден за заслуги
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2023
Претседателот Стево Пендаровски вечерва на посебна церемонија на доделување Орден за заслуги за Република Северна Македонија, им ги врачи одличијата на поранешните членови на бендот „Леб и сол“ - Бодан Арсовски, Никола Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан.
Македонија, но и публиката пошироко на Балканот, веќе 47 години ужива во музиката на „Леб и сол“, култна македонска џез и рок група која со својата работа ја испиша современата македонска музичка историја, но и многу стари изведби ги адаптираше на новото време.
Многумина дури коментираа дека предолгото чекање на овие признанија е неправда која многу порано требало да заврши.