02 Мај, 2024
0.0257

Чудотворна билна ракија која лекува настинки, аритмија, главоболка

Објавено во: Стил 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Пијалокот од ракија и билки помага при настинки, болки во стомакот, аритмија и главоболка

Билната ракија може да ја направи секој сам во домашни услови. Во рецептот се користат многу билки или лековити треви како услов е тие да се стават во алкохол токму во времето кога цветаат или во сезоната на бербата, кога се најмногу лековити.

Погледнете како да си направите билна ракија

Од сите билки се зема по една шака и се става во тегла од 3 литри, каде пред тоа се полни шишето со 1,5 л домашна ракија. Од време на време содржината треба да се меша со дрвена лажица.

Лековитите растенија, кои влегуваат во составот на овој пијалок со ракија се:

- Нане, кога цвета,

- Кантарион - процветан,

- Млади лозови листови,

- Капина - млади листови,

- Коприва - листови и семе,

- Копар - листови и цветови,

- Лешник - листови,

- Магдонос - листови и цветови,

- Слез - цветен,

- Дренка - листови,

- Смоква - листови,

- Јагода - листови,

- Цреша - листови,

- Орев - листови,

- Костени - листови,

- Босилек - листови и цветови,

- Здравец - листови,

- Бршлен - листови.

Кога во ракијата ќе се стави и последната билка, смесата се промешува добро со дрвена лажица и се остава да отстои 20 дена. По престојот се промешува уште еднаш добро и се прецедува со тоа што растенијата се притискаат силно со рацете додека не излезе целата течност.

Лековитиот пијалок со ракија и билки се чуваат во стерилни стаклени садови кои се затвораат добро.

Од хербалната ракија се зема внатрешно по 1 лажица 3 пати на ден, а надворешно се премачкува на болните места по потреба.