26 Април, 2024
0.0274

Чуваат ли „Макошпед“ и „Уготур“ нечии комотни позиции во „Фершпед“?

Објавено во: Економија 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Зошто „Уготур“ продира во акционерската структура на „Макошпед“ исто како што „Макошпед“ продре во сопственичката структура на „Фершпед“? Зошто овие компании вложуваат во акции пари кои според нивните „кеш флоу-а“ се голем кеш? И зошто вложуваат во акции кои со години наназад не делеле дивиденди?

„Макошпед“ продолжува да вложува во акции на „Фершпед“, а „Уготур“ тргна да купува акции во „Макошпед“, ова се настани што се издвојуваат од летната летаргија на Македонската берза. Различни се токму по тоа што укажуваат на пракса на две компании кои немаат извонредни финансиски резултати, но вложуваат значајни ликвидни средства – за нивните можности, во акции во други компании. Важно е да се истакне тоа што ниту „Макошпед“ ниту „Фершпед“ во последниве години не се атрактивни дивидендни компании.

Фактографија:

-Во период од една недела стекот на акции кои „Макошпед“ ги поседува во „Фершпед“ се зголеми за над 

1,3 отсто од 7,4 отсто на 10 јули на 8,78 отсто на 17 јули годинава.

- На 20 јули има блок трансакција со 114 акции на „Фершпед“ при што некој инвеститор плати 5,1 милиони денари за овие акции. „Фершпед“ објави соопштение на берзата дека „Макошпед“ се стекнал со 114 акции со право на глас и дека во „Фершпед“ поседува 1.711 акции со право на глас односно 9,45 отсто од главницата.

-На 7 август во базата на податоци на ЦДХВ „Макошпед“ поседува 9,47 отсто од акциите во „Фершпед“.

Ова наведува на заклучок дека „Макошпед“ е клучен маркет мејкер на пазарот за акциите на „Фершпед“.

- На 20 јули „Уготур“ плаќа 10,07 милиони денари за 53.000 акции во „Макошпед“ и станува акционер што поседува 15,11 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Продавач на акциите е Томе Ќорнаков, домашно физичко лице кое неполни три месеци пред тоа ги купи тие акции во „Макошпед“ па ги продаде на „Уготур“.

- Со тоа „Уготур“ станува трет по големина акционер во структурата на „Макошпед“.

-„Уготур“ ја прави оваа деловна операција за која издвојува 10,07 милиони денари во услови кога според неговиот полугодишен извештај неговите приходи од продажба се 18 милиони денари, а неговите оперативни расходи се 14 милиони денари, а добивката е 3,96 милиони денари

Зошто фирма издвојува износ што е повеќе од половина од нејзиниот  полугодишен приход за да купи акции во фирма што во последните три години не поделила дивиденда? 

- Во акционерската структура на „Уготур“ има два акционери од кои едниот е под апсолутна контрола на „Фершпед“ и тоа е брокерското друштво „Фершпед брокер“ кое поседува 20 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. Другиот акционер е физичко лице Наташа Милева која во неколку наврати купи 24,9 отсто од акциите во „Уготур“. Наташа Милева, според непотврдени и недемантирани информации  е вработена во „Фершпед“ и „Фактор“ во два наврати бараше одговори за нејзини деловни потфати во „Уготур“, но не добивме одговори на прашањата.

„Фактор“ неколку пати постави прашања и до менаџерскиот кадар на „Макошпед“ зошто вложува пари на компанијата во акции на „Фершпед“ но не доби одговори од надлежните лица во Одборот на директори.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто