Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2024
СВР Скопје објави дека рано изутрина во 06.10 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Повикана била Итна медицинска помош, од каде била констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Направен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.