Ципрас го потврди датумот за предвремените парламентарни избори во Грција
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2019
Предвремените парламентарни иозбори во Грција, кои инаку требаше да се одржат на есен, се дефинирани на 7 јули, потврди грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Тој во интервју за ЕРТ најави дека в понеделник ќе оди кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара избори.
„Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, изјави грчкиот премиер.
Неговата СИРИЗА најверојатно нема да го комплетира до крај четиригодишниот мандат како владејачка партија, откако за само една недела загуби од Нова Демнократија и на европските и на локалните избори.