Ципрас со тврди позиции - Само сложено име за Македонија
Објавено во: Балкан 23 Септември, 2016
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и понатаму ја спроведува грчката политика на црвении линии и повтори дека договор е можен само ако се примени сложено име со географска одреденица за Македонија, посочи тој при обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации.
“Во однос на прашањето за името за Поранешната Југословенска Република Македонија, ние продолжуваме да поддржуваме наоѓање заеднички прифатливо сложено име со географска одредница за севкупна употреба- ерга омнес. Пoттикнавме мерки за градење доверба кои целат кон засилување на довербата и прекуграничната соработка во овој клучен период“, изјави Ципрас во говорот пред Обединетите нации.
Без оглед на се во омекнување на ставовите не помагаат ниту активностите за стекнување доверба кои Ципрас самиот ги спомнува меѓу Грција и Македонија каде преднични министерот за надворешни работи Никола Попоски кој оствари повеќе средби со неговиот колега Коѕиас.