ЦИВИЛ: Сликани се гласачки ливчиња
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2017
Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат за два случаи на фотографирање на гласачкото ливче до 10 часот. Првиот случај е во ОУ „26 Јули“ во општина Шуто Оризари. Лицето е фатено на дело и веднаш приведено од полицијата.
Вториот извештај за фотографирање на гласачкото ливче доаѓа од општина Кисела Вода. Во избирачкото место 2660, во МЗ Црниче, едно лице го фотографирало гласачкото ливче, на што реагирале набљудувачите и, по брза интервенција на полицијата, било приведено.