26 Април, 2024
0.0285

Coca-Cola: Нашите најквалитетни пијалаци се произведуваат во Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Компанијата Coca-Cola ја рангираше Пивара Скопје АД на прво место во светот според индексот на квалитет на пијалаците  што ги произведува. Ова е вторпат во последните пет години, како Пивара Скопје АД го добива ова највисоко признание за квалитет на пијалаците од портфолиото на Coca-Cola. -Постојаниот висок квалитет на Coca-Cola пијалаците е нешто на кое сме особено горди. Квалитетот е наш највисок приоритет, затоа што знаеме дека тој е важен за потрошувачите во над 200 земји ширум светот каде се присутни нашите производи. Љубителите на Coca-Cola во Македонија можат да се гордеат дека токму овде, во Пивара Скопје, се произведуваат Coca-Cola пијалаци со највисок квалитет во светот“, изјави Шон Леjтон, претставник на Coca-Cola компанијата. Признанието за најдобар квалитет го добива онаа полнилница на Coca-Cola чии пијалаци добиваат највисока оценка, односно индекс на квалитет, при контролите кои се прават од страна на независни меѓународни лаборатории. Контролата на квалитетот се прави врз примероци од пијалаци земени од продажни места по случаен избор. Признанието за најдобар квалитет го добива само оној производител кој ќе добие највисоки оценки за квалитетот на пијалаците во текот на сите 12 месеци од календарската година. Овој врвен резултат е плод на континуираното инвестирање, максимално залагање и тимска работа, но и на јасната цел која постојано е пред сите нас, дека само задоволни потрошувачи повторно ќе одлучат да ги одберат токму нашите пијалаци! Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите вработени во Пивара Скопје, бидејќи без нивната максимална посветеност сето ова немаше да го постигнеме”, истакна Јаак Микел, генерален директор на Пивара Скопје АД. Првото место за квалитет на произведените пијалаци во 2012-та година, Пивара Скопје АД го добива во конкуренција на пијалаци произведени во полнилници на Coca-Cola системот во над 170 земји ширум светот. Исто признание на Пивара Скопје АД и беше доделено и за резултатите од тестирањето на квалитетот на произведените пијалаци во текот на 2008-ма година. -Во производството на пијалаци во Пивара Скопје АД се почитуваат и применуваат сите домашни и меѓународни стандарди, вклучувајќи ги и оние на Coca-Cola компанијата кои во некои сегменти се дури и построги. Дополнително, во нашата компанија важи правилото дека сè што правите мора да биде совршено. Тоа особено важи за квалитетот на производите кој се контролира и одржува на највисоко ниво сè додека тие не стигнат до крајниот потрошувач“, вели Билјана Смиљковска, менаџер за производство на безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје АД, истакнувајќи дека Пивара Скопје АД е првата компанија во Македонија и меѓу првите во регионот, која во своето целокупно работење ги има воведено највисоките стандарди за квалитет, меѓу кои и стандардот ISO 22000 за интегрирано управување со безбедноста на храната во делот на безалкохолните пијалаци и пивото.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“