ЦРН БИЛАНС: Цунамито уби 384 луѓе
Објавено во: Свет 29 Септември, 2018
Властите во Индонезија денеска соопштија дека бројот на жртвите се искачил на 384.
Расте бројот на жртвите по силниот земјотрес и цунами што вчера го погоди островот Суновези.
Повеќето дел од нив загинале на плажа од силните цунами бранови високи до 6 метри. На плажите имало стотици луѓе кои се подготвувале да одбележат локален празник, јавуваат светските агенции.
Силни афтер шокови имало денеска по вчерашниот земјотрес од 7.5 степени кој предизвика цунами.