ЦРН ДЕН ВО ГАЗА: Загинаа 107 Палестинци, има и многу повредени
Објавено во: Свет 25 Март, 2024
За еден ден загинаа 107 Палестинци во Појасот Газа, а повредени се 176.
Од почетокот на војната oд 7 октомври 2023 година во израелските напади загинале најмалку 32.333 Палестинци, а повредени се 74.694, објави Министерството за здравство во Газа. Израелската армија во окупираниот Западен Брег приведе 15 Палестинци, со што вкупниот број, од почетокот на војната, се искачи на 7.770. Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци. Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите. Палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел лани на 7 октомври, со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и за ослободување на израелските затвореници од затворите.