14 Мај, 2024
0.0265

ЦУК и Стојанче Ангелов поделија 48 решенија за вработување на оператори-приматели на повици

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, им ги поделија решенијата за вработување на неопределено време на 48 нововработени оператори- приматели на повици на телефонскиот број за итни повици 112. Огласот за вработување беше објавен во јануари.

Земјава од оваа година се вклучува во системот Е – 112, што предвидува преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.Станува збор за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на Европската Унија. На новиот број 112 на кој граѓаните ќе можат да се јават за било каков проблем, а не да ги знаат напамет сите дежурни броеви.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, неодамна за медиумите изјави дека во однос на кадарот кој ќе работи во службата 112, се бара одредена стручност и подготвеност на операторите за да можат да одговорат на предизвиците на оваа работа.

„Ќе се полагаат тестови за интелигенција, психолошки тестови, пожелно е познавање на англиски јазик, како и некој друг странски јазик. Се работи за луѓе кои ќе знаат да работат во услови на стрес“, нагласи Ангелов, објаснувајќи ја тежината на работата и одговорноста која ќе ја имаат овие вработени.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ТАРАВАРИ СЕ НАДЕВА ДЕКА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ: „Сѐ уште преовладува еуфорија од изборите“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?