CV оди во историјата, ова е патот до работодавецот
Објавено во: Финансии 27 Декември, 2016
Мобилна апликација Послонаут од Србија ја освои Европската награда за млади, во категоријата „Парите се важни“.
Наградата ја доделуваат во Австрија, а целта е да се мотивираат младите да направат нешто за општеството. Во овој случај станува збор за дигитални проекти кои би биле корисни.
Послонаут на луѓето им дава огласи според локацијата каде се наоѓаат и на тој начин им помага да најдат работа.
Освен што е едноставно и лесно, ова е шанса за работодавачите да огласуваат.
Огласот се закачува за минута, а наместо со CV може веднаш работодавецот да се контактира преку повик или порака.