03 Мај, 2024
0.0455

Д-р Методиј Чепреганов: Оние кои мислат дека се семоќни, имаат тешка параноја!

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

 Во Македонија недостасува политичка зрелост, поради стравот и притисокот во народот. Вредноста е обезвреднета.  Поради партиската подобност се поставуваат неадекватни послушници. Има ерозија на интелектуалната вредност- вели за Фактор, невропсихијатарот  д-р Методиј Чепреганов. Според него недостасува  екологија на духот, толеранција и флексибилност. Цивилизациските кодекси, за морална, општествена и социјална одговорност треба да се учат и да се интегрираат  во системот, во секојдневното живеење.

“Ние сме политички незрели, јас се најдов во француско друштво во една прилика и ниту еден од присутните не рече кој победил на избори, ниту  како победил. Едноставно си честитаа меѓусебно. Јас незнам како гласа мојата сопруга, моите деца ниту сум им сугерирал, тоа е нивна одлука. Политичката зрелост е одраз  на созреана,  матурирана личност која знае кој е и што е, што сака во животот. Ние имаме неколку фалинки во нашиот ментум, во нашиот интелектуален квантум. Првата е стравот со кој живеел македонскиот народ со години, така живее и сега. Стравот е основниот фундамент на нашето однесување во секојдневнието. Вториот момент е обезвреднување, поради немање на интелектуална зрелост. Вредноста е обезвреднета.  Кај нас поради партиската подобност се поставуваат неадекватни но партиски подобни аграми кои се послушници. Има ерозија на интелектуалната вредност”- објаснува д-р Чепреганов.

Созревањето вели  е еволутивен процес кој бара едукација, воспитание, знаење и инкорпорација на социјални, морални, етички  и духовни норми. Еуфоријата, особено изборната и политичката е лош емотивен набој кај личноста бидејќи ја стеснува свеста која го пореметува логичното мислење.

“Еуфоричното расположение  е непожелно, лошо  за личностите, за народот. Личноста е конгломерат на психички функции кои се под плаштот на свеста. Матурацијата,  созревањето на една личност или хармоничното вклопување на тие функции во нас зависи од хармонијата на најблиските и почнуваме да созреваме, еволуираме. Домашната средина, милјето училиштето, државата, начинот на живеење,климатските услови, средината се параметри кои ја креираат секоја личност. Што ќе се изроди дали ќе биде созреана, матурирана, и многу е важно како ќе бидат инкорпорирани социјалните, етичките, морални норми. Во добро исконпонирана личност се раѓа зрела матурирана или незрела личност. Оние кои мислат дека се знаат и се семоќни и најпаметни имаат параноја што на грчки значи параноис-погрешно мислење” –додава невропсихијатарот. 

Притисоците врз  македонскиот  народ вели  оставиле големи траги во неговиот психо профил, во неговата емоционална и конгитивна интелегенција, во неговите архетипови, во неговото секојдневно однесување, расудување и однос кон себе, кон другите и кон општеството.

“Не грешам ако кажам дека ќе ни требаат уште многу години за да достигнеме одредено ниво и созревање во сите секојдневни интерперсонални односи без разлика кои сте, што сте, на која партија припаѓате. Некои тоа го нарекуваат политичка зрелост и почитување, толку насушно во нашата средина, а го нема. Мојсеј рекол: “Во животот се е закон и заповед, кои треба да се почитуваат и спроведуваат за да има ред и добар однос помеѓу луѓето”, Карл Маркс: “Во животот се е пари и капитал, парите и лакомството по нив ги прават сите проблеми помеѓу луѓето бидејќи интересот и материјалниот профит ја водат играта”, a  Конфучие пред 6500 години рекол-само големите птици летаат сами, малите летаат во јато и ако го напуштат бргу стануваат жртва на некоја друга грабливка. Големите риби ги јадат малите кога и да посакаат, тие се во секој момент нивна жртва, треба да умеат да пливаат покрај нив, ама да не бидат лапнати.Читателите нека размислат и сами нека проценат”- додава д-р Чепреганов.

Најопасно во животот е според докторот да се живее  во една пролонгирана стресогена состојба која постепено, ама сигурно ќе изроди психосоматско заболување. Клучот вели е во нас самите, колку сме успеале да се надградиме, да се збогатиме со знаење, едукација и воспитание, со сите норми на морал и етика за да живееме и формираме хармонија во нас самите и во околината во која постоиме.

Во овој момент вели кај македонскиот народ има расцепено, раздвоено ткиво на постоење. Тоа е според него голема трагедија која се случува поради недоволен интелектуалне квантум. Во животот според него треба да се има психички еквилибар, равновесие, за да ги почитувате другите. Народот на престојните изборите како што вели сам ќе одлучи но за да ја донесе вистинската одлука ќе мора да  ја процени ситуацијата реално и објективно или емотивно и нереално.

“Во нашиот мозок има две структури кои го водат односувањето  на човекот. Едната се вика амигдала тоа е емотивен  мозок, а другиот е префронталниот лобус, контролор. Доколку амогдалата со своите емотивни напливи го води и го надвадува лобусот  се манифестира со гримаси, висок тон на комуникација, параноичност и тогаш говориме за хистероидна линост. Мојата амигдала раководи со моите дејанија. Експресијата на личноста е хистероидна. Многу личности во Парламентот кои ги гледам  имаат такви карактеристики.Тоа е лошо. Парламентарецот треба да има достоинство, его , сигурно, јако и да служам за пример за целиот народ, а не да сеам омраза, завист кој го расцепува народот. Во вториот случај ако контролорот владее тој ја контролира состојбата, како да се настапи, каков вокабулар да се употреби. Кога контролорот е созреан, личноста е матурирана и знае како да се однесува”- нагласува експертот  по епилептологија.

Матурацијата, созревањето е долготраен процес кој како што вели во земјава ќе биде долготраен. Образованието според професорот Чепреганов  е основата на една земја бидејќи не смее да  водат емоциите туку реалните проценки и вредности, стабилноста.

“Ние сме сеуште нематуриран народ, не затоа што сме сакале, туку зошто така живееле нашите предци. Прашањата се актуелни, болни, загрижувачки, долгогодишни. Не сум политичар и немам политички вокабулар но сакам да истакнам дека мора да има екологија на духот помеѓу луѓето, поточно да се исхармонизираат интерперсоналните односи во нашиот секојдневен контакт, како да се разбереме, да се почитуваме, да се сложуваме, да имаме доверба, флексибилност и толеранција”- порачува д-р Чепреганов.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ