05 Мај, 2024
0.0241

„Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”: Објавен конкурсот за наградата „Жан Моне“

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми го објавуваат 17-тото издание на конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:

  1. Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
  2. Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);
  3. Најдобра аматерска фотографија.

1.  Конкурс за најдобра новинарска сторија

Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година.

Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

·   Да се однесуваат на темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”;

·   Да се објавени во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година;

·   Да се потпишани со вистинското име на авторот.

Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса:JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

2.Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”, објавени во периодот меѓу 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

·  Да бидат поврзани со темата „Да изградиме држава во којашто сакаме да живееме”;

·  Да се објавени во периодот од 25 ноември 2018 и 26 ноември 2019 година;

·  Да не се користени за комерцијални цели.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

3.Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Чистата животна средина зависи од сите нас”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

·  Да се однесуваат на темата „Чистата животна средина зависи од сите нас”;

·  Да не се користени за комерцијални цели.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: JMcompetition@euhouse.mk, најдоцна до 27 ноември 2019 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.

Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Македонскиот институт за медиуми. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Дополнителни информации­­­

Жирито ќе се состои од седум члена - претставник од Делегацијата на Европската Унија, претставник од Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, претставник од Македонскиот институт за медиуми, и истакнат новинар од регионот како почесен претседател на жирито.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 11 декември 2019 година.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ