ДА СЕ БИДЕ БОГАТ НА СЕЛО ИЛИ СИРОМАШЕН ВО ГРАД: Даваат 600 евра, ама никој не сака да работи
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2017
Во градот нема што да се работи, а во село нема кој да работи, пишуваат српските медиуми и наведуваат дека во Војводина се бараат овчари за плата од 600 евра, но никој не сака да работи.
Дури и оние кои ќе прифатат таква работа не сакаат да зборуваат затоа што им е срам, пишуваат медиумите.
„Да се биде овчар значи да се живее на село, да се дружите повеќе со животни отколку со луѓе, а никој не сака да се врати на село, без разлика што ќе добива добра плата. Ние ја изгубивме битката за селото“ - вели Бранислав Гулан од САНУ.
Србија има 659.698 невработени, од кои една третина се млади, а повеќе од половина се со основно или со занает.